РАСТЕ БРОЈОТ: До сега 32 жртви од земјотресот во Албанија, 658 повредени

Бројот на загинатите во силните земјотреси што ја погодија Албанија се зголеми на 32, а повредени се 658 лица, пренесува Албаниан дејли њус.


Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу рече дека здравствената состојба на осуммина повредени е сериозна.


Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна терапија.

Пронајдете не на следниве мрежи: