Леукемијата е еден од најчестите видови на карцином кој претежно се дијагностицира кај децата, а кај возрасните на возраст од 65-74 години.
Постојат две основни поделби: акутна и хронична леукемија. Најчести облици на леукемија кај луѓето се: акутна лимфоцитна, акутна миелогена, хронична лимфоцитна и хронична миелогена леукемија.
Џејми Копривникар, доктор од Медицинскиот центар на „Универзитетот Ханесак“, изјавил дека луѓето обично дознаваат дека имаат леукемија по крвната анализа. Сепак, би било подобро да се обрне и внимание на некои симптоми кои укажуваат на оваа состојба.
Раните симптоми на леукемија се прилично препознатливи и тоа:
- отежнато дишење
- замор
- треска
- ноќно потење
- нагло губење на тежината
- болки во коските
- модринки
- крвавење.
Но, потребно е да се обрне посебно внимание и на главоболката, невообичаените болки во стомакот мали црвени дамки на кожата.
Иако нивното појавување често се поврзува со радиоактивно зрачење, разни хемикалии, вируси и генетски болести, сè уште не се знае точно кои фактори влијаат на веројатноста личноста да добие леукемија. Сепак, почесто е кај луѓето кои веќе биле подложни на некој тип хемотерапија или зрачење во лекувањето на други малигни заболувања.