четврток, 12 ноември 2026
Најново

Револуционерната гарда на Иран соопшти дека има целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Револуционерната гарда на Иран соопшти дека има целосна контрола врз Ормускиот теснец и дека сите бродови што се обидуваат да поминат низ него ризикуваат да бидат погодени од ракети или беспилотни летала.

„Во моментов, Ормускиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, изјави портпаролот на морнарицата на Револуционерната гарда, Мохамед Акбарзаде, цитиран од новинската агенција Фарс. Десетици танкери и товарни бродови се закотвени на влезот и излезот од Персискиот Залив, според податоците од Веселфајндер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Самиот теснец, според службите за следење на бродови, останува речиси празен. Според Си-Ен-Ен, само два танкери поминале низ него во понеделник. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека американската морнарица е подготвена да ги придружува танкерите со нафта низ клучната бродска линија во Персискиот Залив. Ормускиот теснец се смета за еден од најважните поморски трговски патишта во светот и клучна точка за транзит на нафта. Околу една петтина од светските испораки на нафта и гас минуваат низ него.

Поврзани вести