Редовниот секс го намалува крвниот притисок исто како лекови

Редовниот и добар секс го намалува високиот крвен притисок подеднакво ефикасно како и лекови, покажа едно најново истражување што беше презентирано на Државниот универзитет во Грузија.
Во истражувањето учествувале испитаници кои во текот на сексот носеле апаратчиња за следење на работата на срцето.
Истражувачите го забележувале варирањето на систолниот притисок при доживување на оргазмот и тој се движел од 66 до 106, а просекот бил 87.
Лицата кои имале секс ден потоа имале за 13% понизок систолен притисок, објавија научниците како доказ дека редовниот секс делувал исто како таблета за намалување на притисокот.
„Колку оргазмот бил подобар и поинтензивен, толку понизок бил притисокот наредниот ден“, велат истражувачите од грузискиот универзитет.
Тие сметаат дека сексот делува на притисокот така што го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин кој е познато дека го намалува стресот. Покрај тоа, многу истражувања веќе покажале дека редовниот секс го зајакнува имунитетот.


Редовниот и добар сексуален живот ќе придонесе за попозитивен поглед на светот, ќе ви го намали нивото на стрес, а како редовна физичка активност ќе ве одржува во добра форма.
Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови и е еден од основните витални знаци. Крвниот притисок е резултат на две сили: едната е создадена од срцето кое пумпа крв низ крвотокот, а другата е силата на артериите кои се спротиставуваат не крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот притисок се менува од максимален (систолен) до минимален (дијастолен). Средниот крвен притисок, заради пумпањето на срцето и отпорот во крвните садови, се намалува како што крвта којашто кружи се движи од срцето низ артериите. Тој има најголем пад во малите артерии и артериолите и продолжува да се намалува како што крвта се движи низ капиларите и назад до срцето преку вените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.