БОЛЕН ЛИ Е ПУТИН? Добивал дози од разни стероиди и лекови, пишуваат светските медиуми

Впечаток е дека Путин, цврсто држејќи ја рачката од столот, всушност се обидувал да ја смири треперливата лева рака, додека постојано се мрдаше со десната, а лицето му беше многу отечено.

Рускиот претседател Владимир Путин повторно беше снимен како се преместува на столот, цврсто се држи за работ (рачката) на столот и ја тресе ногата. Снимката од неговата средба во Кремљ оваа недела со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел уште еднаш ги подгреа шпекулациите за неговата наводна лоша здравствена состојба, пишува Daily Mail.

И на вториот состанок се држеше до работ на столот

Впечатокот е дека Путин, цврсто држејќи ја рачката од столот, всушност се обидувал да ја смири треперливата лева рака додека постојано се мрдаше со десната. Покрај тоа, лицето на Путин беше надуено дури и додека се насмевна додека седеше со Дијаз-Канел пред мермерниот камин.

Во средата, Путин беше снимен и за време на разговор со Дмитриј Мазепин, претседател на Управниот одбор на групата Уралхем. Тие седеа на голема маса, а како и за време на разговорот со кубанскиот претседател, Путин со десната рака цврсто се држеше за работ од масата.

Дијагностициран рак и Паркинсонова болест?

Уште пред руската инвазија на Украина се шпекулираше за лошата здравствена состојба на Путин и неговата борба со неколку тешки болести. Неодамна, според британскиот весник „Сан“, во јавноста беа објавени мејлови од извор од руската разузнавачка служба, кои потврдуваат дека на Путин му бил дијагностициран рак на панкреасот и Паркинсонова болест. Ако може да се верува на оваа информација, неговата Паркинсонова болест била дијагностицирана во рана фаза, но во меѓувреме таа напредувала.

„Путин редовно прима дози од различни стероиди и лекови против болки за да го спречи ширењето на неговиот неодамна дијагностициран рак на панкреасот. Не само што ова предизвикува многу болка, туку и отекување на лицето и други несакани ефекти, вклучително и губење на меморијата. Во неговото блиско опкружување се зборува дека освен ракот на панкреасот, кој постепено се шири, Путин има и рак на простата“, се вели во пораката на наводен извор од руската разузнавачка служба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.