Резанци со спанаќ, авокадо и печурки

Состојки
250 гр. резанци
1 авокадо
1 мала лажица сол
1 мала лажица буковец
300 гр. спанаќ
150 гр. свежи печурки
80 гр. кисела павлака

1. Спанаќот се сече на ситно и се пржи со солта и буковецот додека од него не испари водата.
2. Авокадото и павлаката и испржениот спанаќ се ставаат во блендер и се додава 2-3 лажици масло.
3. Печурките се пржат.
4. Во тавата со печурките се ставаат сместа од спанаќот авокадото и павлаката се измешуваат состојките и се затоплуваат малку на тивок оган.
5. Се мешаат со претходно сварените тестенини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.