Резултатите на Ericsson ги пригушија надежите за закрепнување на пазарот на телекомуникации

Шведската компанија Ericsson ги поткопа надежите за закрепнување на берзите за мобилна телекомуникациска опрема и услуги, известувајќи во средата за силен пад на добивката што се темели на скромните приходи и намалената маржа.Оперативната добивка која не ги вклучува резултатите од заедничко инвестирање падна во наведениот период на 2,1 милијарди шведски круни (317,26 милиони долари), од 10,5 милијарди колку што изнесувала во истиот период минатата година.Приходите пораснаа за благи два отсто, на 53,5 милијарди круни, а бруто маржата се спушти од 33,3 на 32 отсто, притисната од неочекувано големите трошоци за реструктуирање.Ericsson сепак потврди дека постои можност да ја зголеми маржата во втората половина од годината.„Судејќи според актуелната побарувачка и трендовите во глобалната економија и натаму веруваме дека во втората половина на годината тежиштето од работењето постепено ќе почне да се придвижува кон проекти за зголемување на капацитетите на мрежите“, се вели во соопштението.Деловното зголемување на мрежните капацитети носи поголеми маржи од проширувањето на мрежите.
MaкфаксШведската компанија Ericsson ги поткопа надежите за закрепнување на берзите за мобилна телекомуникациска опрема и услу

Пронајдете не на следниве мрежи: