„Алармантни“ нивоа на микропластика биле пронајдени во големите реки низ Европа, предупредија научниците во 14 студии објавени денеска во „The Journal of Environmental Science and Pollution Research“, јавува АФП.
„Загадувањето е присутно во сите анализирани европски реки“, вели францускиот научник Жан-Франсоа Гиљон, координатор на сеопфатната операција низ девет значајни реки, од Темза до Тибар.
Во сите реки опфатени со истражувањето било забележано „алармантно“ загадување од просечни „три микропластични честички на метар кубен вода“.
Ова е далеку од 40-те микропластични честички забележани во 10-те најзагадени реки во светот. На прво место е Жолтата река, потоа Јангце, Меконг, Ганг, Нил, Инд, Амур, Перл Ривер и Хаи Хе, кои ги натопуваат почвите земјите со најголемо производство на пластика во светот и најголемо количество преработен пластичен отпад.
Сепак, ова не го вклучува волуменот на водата која тече. Во реката Рона во близина на градот Валенс, Франција, брзиот проток значи дека „секоја секунда минуваат 3.000 пластични честички“, додека Сена во Париз брои околу 900 во секунда, изјави Гиљон.
„Масата на пластика невидлива со голо око е позначајна од видливата пластика“, додал Гиглионе, а тоа е резултат што ги „изненадил“ научниците. Ова го потврдија аналитичките наоди за време на истражувањата започнати во 2019 година.