„РЕКЛА ДЕКА МУ Е ЛОШО И СИ ЗАМИНАЛА“ Детали за трагедијата во хостел во Чачак: Маж кој починал при однос бил придружуван од ПОМЛАДА ЖЕНА

„Кога видела дека мажот не му е добро, се симнала кај рецепционерот и рекла дека му е лошо, а потоа си заминала. Вработените во хостелот повикале брза помош и влегле во собата, но човекот практично веќе бил мртов“, изјавиле за „Блиц“ во Итната помош во Чачак во врска со смртта на мажот Н.Р. (60) чие тело било пронајдено во хостел во населбата Чачан Алваџиница.

Според упатените во овој случај, тој бил придружуван од помладо женско лице и се претпоставува дека починал при сексуален однос.

Тоа што е пронајдена вијагра во чашата со вода засега е само шпекулација бидејќи од терен нема официјална потврда. На семејството е дали ќе направат обдукција или не – велат од Итната помош Чачак.

По овој трагичен настан бил повикан сопственикот на хостелот во Алваџиница, но тој не сакал да даде изјава.

Н.Р. бил оженет и важел за угледен семеен човек во Чачак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.