Рекордна заплена на синтетичка дрога во Австралија

Австралиската полиција информираше за најголемата заплена на метамфетамини во историјата на земјата, во вредност што се проценува на околу 438 милиони австралиски долари или 340 милиони евра.
Операцијата што ја спроведоа припадниците на сојузната полиција и на полицијата на Нов ЈУжен Велс резултираше со конфискација на 585 килограми метамфетамини. Дрогата била сокриена во контејнер со производи за чистење, а стигнал од јужната кинеска покраина Шенјинг.„Станува збор за најголемата заплена на метамфетамини во правната историја на Австралија. Двојно е поголема од претходната рекордна заплена од 2012 година кога полицијата заплени околу 300 килограми од таа дрога“, се вели во полициското соопштение.Три лица, меѓу кои 21 годишен Австралиец, 32 годишен жител на Сингапур и еден 51 годишен жител на Хонг Конг, се уапсени во рацијата спроведена по дојавата во среда во Сиднеј.Осомничените би можеле да бидат казнети со издржување на доживотна затворска казна и со висока парична глоба.
МакфаксАвстралиската полиција информираше за најголемата заплена на метамфетамини во историјата на земјата, во вредност

Пронајдете не на следниве мрежи: