Рекордни бројки: ЕУ замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот

Како дел од пакетот санкции против Русија, Европската унија досега замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот, објави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

Рекордни бројки: ЕУ замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот

„Досега имотот на 90 лица е замрзнат, повеќе од 17 милијарди во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди во Германија“, изјави Рајндерс за неколку германски весници, кои се дел од медиумската групација „Функе“.

ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на војната во Украина пред осум месеци, потсетува порталот SEEbiz.

Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се користат за обнова на земјата по војната.

„Доколку станува збор за пари кои потекнуваат од криминални претпријатија запленети од ЕУ, тие може да се насочат кон компензацискиот фонд за Украина. Сепак, таа сума во никој случај нема да биде доволна за финансирање на реновирањето“, рече Рајндерс.

Според него, како дел од западните санкции, замрзнати се 300 милијарди евра девизни резерви на руската централна банка.

Рејндерс смета дека тие 300 милијарди можат да се чуваат барем како гаранција додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.