„РЕТКО Е ВО ДРУШТВО НА СЕМЕЈСТВОТО“: Соседите откриваат каков е Новак Џоковиќ

Новак Ѓоковиќ се врати во Србија по единаесет дена драма во Австралија.
Иако многумина се надеваа дека ќе го гледаме на Australian Open и ќе уживаме во неговите победи, сепак тамошните власти решија да го депортираат прославениот тенисер.
По пристигнувањето во Белград, тој веднаш отишол во својот стан во елитниот дел на Белград, каде живее со Јелена и децата, а соседите откриле каков тенисер е тој надвор од теренот.„Не го видовме откако дојде од Австралија. Новинарите беа таму со денови, доаѓаа странски екипи, но никој не можеше да го фати. Се зборува дека отишол на имотот што го поседува на Фрушка гора“, изјави продавачка од блиската продавница, додавајќи:


„Последен пат го видов кон крајот на ноември кога времето беше топло, пред да оди на големиот турнир. Се шеташе со Јелена и децата. Колку трпение има Новак за сите, се зачудив. Неколку луѓе го чекаа да се сликаат со него, тој кратко разговараше со секој, се насмевна и продолжи по патот. Никогаш не му било тешко да се фотографира со некој од нас“, вели продавачката.
Во една од пекарите продавачката напоменува дека плачела поради Новак Ѓоковиќ.
„Мојот син се разболе, доби сепса и за жал почина. Бев многу тажна во тоа време, а сето тоа се случи кога ќерка ми славеше роденден. Бидејќи бевме нерасположени, ништо не можеше да не утеши. По неколку дена го вклучивме телевизорот и тогаш Новак победи на „УС Опен“. Плачев од среќа и веста беше таа што ми донесе насмевка на лицето по смртта на мојот син. Пред тоа, не можев да се смеам или да зборувам за стресот низ кој поминував. Сега секогаш кога ќе го видам во маало плачам од среќа. Не е свесен што направи за Србија и нашиот народ. Можеби нема да го сакаат, го мразат и пцујат, но тој секогаш ќе биде број еден“, низ солзи раскажува продавачката од пекара.
Од кафулето во кое Новак поминува најголем дел од времето тврдат дека најдобриот светски тенисер доаѓа со колеги спортисти.
„Кога и да е во Србија, доаѓа кај нас. Обично седи во кафуле со колеги спортисти. Ретко е во друштво на семејството или сам. Сака да биде опуштен со нив, љубезен е кон сите нас и секогаш насмеан“, изјавија за Блиц.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ го загуби спорот пред Федералниот суд и беше депортиран од Австралија, што значи дека најдобриот тенисер во светот не можеше да ја одбрани титулата на Австралија опен, а исто така, оваа одлука ја зголемува можноста за забрана за влез во земјата за три години, но за тоа би можеле да преговараат во наредниот период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.