Ретроспектива на словачкиот класичен филм во Кинотека од 23 март


Од 23 до 29 март во Кинотека ќе се одржи Ретроспектива на словачкиот класичен филм, каде ќе бидат прикажани бројни филмови.

Организаторите велат дека ова е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија.

„Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка. Станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино, кои оставиле огромно влијание врз современите словачки филмски автори или се стекнале со култен статус. Оваа ретроспектива е разновидна и возбудлива селекција на филмски лектири. Вклучува филмови од различни видови и жанрови – играни, документарни, анимирани и кратки филмови“, велат од Кинотека.

Распоредот на проекции е следен:

23 март, 20 часот

  • Дојди кај нас стар шатерланд
  • Слики од стариот свет

25 март, 20 часот

  • Промоција
  • Случајот на Кос Барнабаш

26 март, 20 часот

  • Промоција
  • Случајот на Кос Барнабаш

28 март, 20 часот

  • Мистериозниот дедо
  • Бандитот Јурко

29 март, 20 часот

  • Два добри пријатела
  • Ноќни јавачи

Повеќе детали за филмовите се достапни ТУКА.

Влезницата за било кој од деновите чини 150 денари.

Ревијата е организирана со помош на Словачкиот филмски институт и  Словачката Амбасада во Скопје.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: