Ако сте од оние личности кои се грижат за тоа што го јадат, ќе ја обожавате оваа пица. Ова е здрав рецепт за пица која е здрава и посна и во која има многу зеленчук.
Состојки:
1 праз
1 домат
1 пиперка
200 гр. шампињони
Оригано
Кечап
Малку посен кашкавал
Начин на подготовка:
Замесете тесто за пица со сол, квасец и малку масло и брашно. Оставете го малку да порасне.
На масло испржете го празот, додајте ја сецканата пиперка и шампињоните, убаво исецкани. Доколку сакате лута пица, можете да додадете и лута пиперка и/или малку кромид. Можете по желба да додадете и маслинки.
Развијте го тестото, а потоа ставете го во тавче кое претходно ќе го подмачкате. Ставете ги испржените состојки, а потоа додадете парчиња домати и малку кашкавал и оригано.
Печете на 200 степени околу 15-20 минути.