Рецепт: Брз хумус со цвекло

Овој брз рецепт за хумус со цвекло може да биде вашето ново предјадење. Има освежувачки вкус и можете да го јадете со здрави грицки, во сендвичи или во салати.
Рецепт: Брз хумус со цвекло
Потребни состојки:
1 конзерва од 430-450 гр наут (исцеден и исплакнат)
2 цвекла со средна големина (исечени на коцки и сварени)
2 чешниња лук
кора од лимон (по избор и вкус)
сок од 1 среден лимон
2-3 лажици таан
2-3 лажици маслиново масло

¼ лажичка сол
½ лажичка ким
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Зачините можете да ги додадете по вкус.
Може да стои во фрижидер околу 4 до 5 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.