Рецепт за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече

За многумина Германци, изразот kalter hund или „ладно куче“, ги носи назад во нивното детство. Станува збор за популарен германски десерт за кој се потребни само неколку состојки, од кои основни се бисквитите и чоколадото. Можете да користите и обични бисквити, или со путер, а за финиот вкус на колачот ќе придонесе квалитетното чоколадо.
Рецепт за брз германски колач од чоколадо и бисквити кој не се пече
Потребни состојки:
200 грама бисквити со путер
150 грама темно чоколадо
450 грама млечно чоколадо
150 грама кокосово масло
1 чаша шлаг
2 лажички екстракт од ванила
3 лажици шеќер
2 лажици рум (по избор)
Начин на подготовка:
1. Покријте го калапот за торти со алуминиумска фолија. Здробете го чоколадото на ситни парчиња и во тенџере на тивок оган растопете ги заедно чоколадото и кокосовото масло. Мешајте постојано. Потоа додадете го кремот, шеќерот и ванилата и мешајте сè додека смесата не се изедначи. На крајот додадете рум по желба и измешајте.
2. Калапот премачкајте го со тенок слој чоколадо на дното на садот и наредете ги бисквитите. Премачкајте одново со нов слој од чоколаден крем, па наредете нов ред бисквити и продолжете сè додека не ги потрошите сите состојки за на крајот да завршите со слој чоколадо. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.