Потребни состојки:
За тестото:
400 грама интегрално брашно
1 кесичка сув квасец
5 лажички маслиново масло
1 лажичка сол
250 милилитри топла вода
За сосот:
250 грама домати
150 грама тиквички
50 милилитри маслиново масло
70 грама пармезан
350 грама сос од домати
100 грама моцарела
Начин на подготовка:
Измешајте го брашното со квасец, додајте масло, вода и сол, па замесете тесто. Дозволете му да порасне на топло место околу 20-тина минути. Доматите исечкајте ги на тенки кругови, посолете ги и потоа исцедете ги. Тиквичките исечете ги на долги парчиња и потоа заедно со доматите испржете ги во маслиново масло и оставете ги да се оладат.
Подготвеното тесто поделете го на три дела и оформете го секој дел во круг со размер од 20 сантиметри. На тестото распоредете рамномерно од сосот за домати, зеленчукот, моцарелата и пармезанот. Потоа ставете го второто тесто, па повторете ја постапката. На крај, наместете го третото тесто и оставете така или декорирајте со уште еден слој од сосот.
Печете ја вашата пица-торта на претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Добар апетит.