Потребни состојки:
1/2 кромид
2 јајца
240 гр туна
100 гр путер
малку сенф
сол, бибер, сок од лимон, ворчестер сос
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот ситно. Изматете го путерот и изматете ги варените јајца и туната во блендер.
Во путерот измешајте ги исечканиот кромид, јајцата и туната. Додајте сенф, сол, бибер, сос и малку сок од лимон.
Измешајте сè добро и оставете да се излади.
Овој намаз е најдобро да се јаде со препечен леб.