Рецепт за вкусни похувани палачинки: Оброк за вистински гурмани

Иако има малку повеќе работа околу нивната подготовка, резултатот е повеќе од задоволителен
Палачинките се секогаш добар избор кога имате малку време, а сакате да се почестите себеси или вашите најблиски со нешто вкусно. Може да се јадат и слатки и солени, а се превкусни и пржени.
Неутралното тесто за ова јадење овозможува комбинации со голем број на намирници, вкусни се и празни или со додаток на било каков солен или сладок намаз.

Состојки:
1 јајце
200 мл млеко
250 мл вода
200 грама брашноПрстофат сол
¼ лажичка сода бикарбона
2 лажици масло
за полнење:
150 гр печеница или шунка
200 гр рендан кашкавал
2 лажици крем сир или павлака
200 гр печурки
Сол бибер
за похување:
Околу 200 грама брашно
3 јајца
Околу 200 грама презла
Масло
Подготовка:
Подгответе ги палачинките како и вообичаено.
Печурките исечкајте ги на листови и пропржете ги на малку масло, со додавање сол и бибер, додека целата вода не испари. Оставете ги на страна да се изладат.
На секоја палачинка намачкајте крем сирење или павлака, наредете ги листовите шунка, додадете печурки и рендан кашкавал.
Свиткајте ги од секоја страна за да се формира ролат од кој состојките нема да истечат при пржењето.
Во една чинија ставете брашно, во друга изматените јајца, а во трета презлата.
Секоја палачинка извалкајте ја во брашно, па во јајца, па во презла.
Во подлабоко тавче сипете малку масло и загрејте на средна температура, па пропржете ги палачинките додека не поруменат од сите страни.
Испржените палачинки ставете ги на хартиена салфетка за да се исцеди вишокот масло.
Послужете ги со додаток на кечап, мајонез, павлака или кој било друг сос по ваш избор.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.