Рецепт за вкусни шницли од зелка и сирење

Подготовката не е комплицирана и не се потребни скапи состојки, а овој оброк може да послужи и како гарнир за скара.
Крцкаво и вкусно: Рецепт за вкусни шницли од зелка и сирење
Потребни состојки:
1 мала главица зелка
50-70 мл маслиново масло
2 чешниња лук
1 лажичка сол
¼ лажички мелен црн пипер
40 грама ореви
1-2 лажици балсамичен оцет или сок од лимон
рендан пармезан, сечкани свежи билки, како што се мајчина душица или магдонос
Начин на подготовка:


1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Ставете хартија за печење на плехот и подмачкајте го. Исечете го долниот крај на главицата зелка (каде што е коренот) и оставете го настрана. Ставете ја главицата на штица за сечење и исечете ја на парчиња дебели околу 2 см.
2. Изматете ги маслиновото масло, лукот, солта и биберот и премачкајте ги парчињата од двете страни, ставете ги во плехот и печете 26-28 минути или додека не станат крцкави на рабовите и не омекнат на средина.
3. Испечете ги оревите во сува тава додека не почнат да мирисаат, а кога ќе се изладат малку, исечкајте ги на парчиња.
4. Посипете ја печената зелка со пармезан, со оцет или со сок од лимон, со свежи билки и со ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.