Рецепт за двојно чоколадно задоволство: Празнична торта која ќе ве воодушеви!

Може ли нешто да биде повкусно од чоколадна торта? Да, дупло почоколадна торта!
Рецепт за двојно чоколадно задоволство: Празнична торта која ќе ве воодушеви!
Еве ви предлог за божиќен десерт со кој сите ќе ги воодушевите.
Потребни состојки:
200 г темно чоколадо (со 60% какао делови)
100 г млечно чоколадо
200 г маргарин
4 јајца јајца
200 г шеќер
150 г брашно
1 лажица прашок за печиво
200 г сечкани ореви


Потребни состојки за прелив:
50 мл слатка павлака
75 мл млеко
90 г темно чоколадо (со 60% какао делови)
30 г млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Во сад на пареа растопете го маргаринот со 200 г темно чоколадо и 100 г млечно чоколадо.
Изматете ги јајца со шеќерот, додајте го растопеното чоколадо со маргаринот и измешајте ги состојките додека смесата не стане хомогена. Додајте го брашното, прашокот за печиво и сечканите ореви и добро промешајте.
Премачкајте го калапот со пречник од 22 см со путер и покријте го со хартија за печење. Истурете ја смесата во калапот. Потоа ставете го калапот во загреана рерна на 175 °C и печете 30 минути.
Кога тестото ќе се испече, оставете го да се излади.
Во меѓувреме, подгответе го преливот со тоа што ќе ја загреете слатката павлака и млекото и ќе додадете 90 г темно чоколадо и 30 г млечно чоколадо. Откако ќе го додадете чоколадото веднаш тргнете го тенџерето од шпоретот и промешајте додека чоколадото не се растопи целосно.
Кога тестото ќе се олади, извадете го од калапот, рамномерно прелијте ја кората со глазурата и оставете ја тортата да се излади.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.