Купениот сладолед не е единствениот деликатес во кој можете да уживате во жешките летни денови. Сладоледот од банана е и јогурт е освежителен и здрав десерт кој лесно можете да го направите дома.
Бананите често се користат за подготовка на здрав сладолед, а со додавање на јогурт сладоледот станува уште повкусен и похранлив. Задолжително користете многу зрели банани и по можност грчки тип на јогурт, за да направите вкусен сладолед.
Постојат два начина за подготовка на овој сладолед. Можете да користите свежи банани и да ги изблендирате сите состојки и да ги оставите во замрзнувач два часа пред да ги послужите. Наместо свежи банани, во овој рецепт можете да користите и замрзнати банани (исечкани на прстени) и сладоледот да го послужите веднаш по блендирањето.
Состојки:
– 3 големи замрзнати банани исечени на кругови
– 60 грама грчки јогурт
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 лажици мед
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна текстура, околу 2 до 3 минути. Ако бананите тешко се блендираат, запрете го миксерот и со лажица или виљушка преместете ги во блендерот.
Замрзнете го извесно време, па уживајте во интересниот вкус.