Вито Јакопели е докажан пицајоло, односно пица-мајстор, во превод. Тој е четврта генерација пицајоло во неговата фамилија, а поседува пицерии не само во Италија, туку и низ светот.
Рецептот не е толку брз и едноставен, но резултатот, доколку правилно ги следите инструкциите на Јакопели, ќе биде како пицата штотуку да ви ја извадиле од фурна во пицерија.
Јакопели демонстрира како дома да се направи вкусна наполетана, за што ќе ви бидат потребни следниве состојки:
– за првиот дел од тестото:
300 мл вода
300 гр брашно
5 гр сув квасец
5 гр мед (не, не е грешка!)
– за вториот дел:
700 мл вода
40 гр морска сол
1.250 гр брашно
+ маслиново масло
Запомнете, состојките не треба да ги менувате. На пример, доколку наместо маслиново масло ставите обично, пицата слободно можете да ја фрлите. Потоа, огромна разлика прави и тоа како кашкавал користите. На пример, кашкавалите по продавниците означени како „пица кашкавал“ се всушност најлошата опција. За пица кашкавалот треба да биде вкусен, а не најевтиниот. Воедно, никогаш не употребувајте кечап, туку исклучиво томато сос, иако најдобро е сами да го направите од домати, но тоа веќе е премногу работа.