Рецепт за домашно лепче без квасец

Во маркетите деновиве има празни полици за брашно и наидувам секој ден на бабички кои бараат квасец кој исто така се распродава со брзина на светлината. Но, без грижа, можете да си направите домашно лепче и без квасец.
Што ви е потребно?
Состојки:
500g брашно (по избор)
310ml млеко
2 лажици прашок за печиво
2 лажици масло
1 лажица сол


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Помешајте ги сувите состојки – брашното, прашокот за печиво, солта. Додадете ги млекото и маслото и замесете со рака. Гледајте тестото да не биде подебело од 3cm за да се испече добро.
Тестото префрлете го во калап и оставете да се пече 40-50 минути.
Во лебот без квасец можете да додавате и различни семки по ваш избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.