„Naan“ е вкусно традиционално индиско лепче, кое е многу тенко, а Индијците го јадат со речиси секој оброк. Најчесто тоа се крши и се користи за макање од течна храна или сос. По правило треба да се пече во фурна, но овој рецепт е така прилагоден за да можете да си го приготвите во домашната кујна и да уживате во неговиот уникатен и интересен вкус.
Потребни состојки:
900 г брашно
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 јајце, малку проматено
ачин на подготовка:
Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.
Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку, но притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна.
Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магданос.