Традиционалното јадење од пченкарно брашно кое сите го сакаат, ќе „го снема“ од чинијата веднаш.
Качамакот е традиционално јадење од нашите простори, а некогаш важел за „храна за сиромашните“. Меѓутоа, качамакот денес со гордост се поставува на гостинските трпези затоа што се подготвува брзо, многу е здрав и вкусен.
Рецептот за ова јадење е многу едноставен и пред сè економичен, а традиционален начин на подготовка е промена во само една намирница – путер.
Путерот на качамакот му дава посебна нота и веруваме дека оваа комбинација на вкусови ќе ви се допадне.
Состојки:
– 4 шолји вода;
– 1 лажица сол;
– 1 шолја жолто, пченкарно брашно;
– 3 лажици путер.
Подготовка:
Во тенџере ставете ја водата и додадете го солот, па оставете водата да почне да врие.
Кога водата ќе почне да врие, полека, постојано мешајќи, додадете го пченкарното брашно.
Намалете ја температурата и постојано мешајте додека водата не испари, а брашното не згусне.
Извадете го тенџерето од оган, па додадете го путерот и сè добро измешајте.
Качамакот се служи топол со сирење или кисело млеко.
Пријатно јадење!