Полна со моќни и хранливи витамини од лук, сладок компир, морков и други состојки, оваа крем супа од зеленчук ги исфрла мастите и токсините и е одлична за овие есенски денови.
Состојките во оваа супа се полни со растителни влакна, а зачините како црниот пипер и чилито го стимулираат ослободувањето на токсините од телото. Безбедна, ефикасна и истовремено хранлива, оваа супа е одличен избор за здраво слабеење.
Рецепт за крем супа која ги исфрла сите токсини од телото
Потребни состојки:
1 поголем сладок компир
3 средни моркови
200 г варен грав
1 мал црвен кромид
3 чешниња лук
1 стебленце целер
1 лажичка мелен црвен пипер
1 лажичка мелено чили
1 мал ловоров лист
сол и црн пипер
1,5 литри бујон (месо или зеленчук)
3 лажици маслинов зејтин или по зејтин по желба
Начин на подготовка:
Излупете го сладкиот компир и морковите, измијте ги и исечете ги на мали коцки. Ситно исечкајте го кромидот и целерот и исцедете го лукот.
Загрејте го маслиновиот зејтин во длабока тава и додадете го кромидот. Оставете го додека малку пожолти, па додадете го лукот, потоа целерот и оставете уште една-две минути. Потоа додадете го сладкиот компир и морковите. Додадете сол, чили, мелен пипер и ловоров лист, а потоа истурете го бујон врз сè и оставете го на огнот.
Пробајте ги морковите и сладкиот компир и кога ќе забележите дека им требаат уште неколку минути готвење, ставете го зготвениот грав да се комбинира со останатите состојки.
По готвењето, со помош на блендер, направете крем супа.