По првомајската скара и уживање во колачите, домаќинките се прашуваат што да подготват за ручек, знаејќи дека сите сакаат да јадат полесна храна.
За среќа тука се младите компирчиња за чија подготовка постојат многу рецепти. Еден од оние кои се безвременски се оние со прелив од павлака.
Се подготвуваат толку едноставно и брзо што нема да ги збунат ниту почетниците во кулинарството.
Состојки:
- 1 килограм млади компирчиња;
- 180 милилитри павлака;
- Масло за пржење;
- Малку свежи зачини;
- Сол;
- 2 млади кромитчиња.
Подготовка:
Исчистете ги компирчињата, добро измијте ги, па секое од нив засечете го на половина, посолете по вкус и ставете ги на хартија за печење да се исцедат од водата.
Во тава ставете масло за јадење, па кога истото ќе се загрее, ставете ги компирчињата и пржете ги додека не добијат златна боја.
Извадете ги, прелијте ги со павлака, додадете над неа свежи зачини и младо сечкано кромитче, па послужете.
Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.