Рецепт за крцкави стапчиња со кашкавал: Вака подготвени веднаш ќе исчезнат од трпезата

Крцкаво и солено печиво кое брзо се прави и може долго да го подготвувате како појадок или ужина.


Рецептот е многу едноставен, а во подготовката не можат да погрешат ниту оние кои не се толку многу вешти во кујна.
Состојки:

  • 300 грама ситно сирење;
  • 2 јајца;
  • 250 грама маргарин;
  • 1 лажица сол;
  • 450 грама брашно;
  • 100 грама кашкавал.
    Подготовка:
    Изматете го маргаринот со сирењето, па додадете едно јајце, па сето тоа добро изматете го со миксер.
    Додадете 250 грама брашно, сето тоа добро изматете го со миксер, па додадете го останатиот дел од брашното и продолжете да матите со миксер додека не добиете меко тесто кое нема да се лепи за вашите раце.
    Тестото развлечете го со дебелина од околу четири милиметри и ставете го во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
    Со нож за пица исечете го тестото на стапчиња со должина и ширина по ваша желба.
    Парчињата тесто премачкајте ги со јајце, па додадете го кашкавалот над нив.
    Ставете го плехот во загреана рерна и печете на 200 степени Целзиусови додека стапчињата не заруменат.
    Може да ги послужите додека се топли или ладни.
    Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.