Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет

Оваа есенска гранола е збогатена со парчиња јаболко и цимет, како неодолива комбинација за постудени денови. Гранолата е секогаш одличен избор за појадок, полн со хранливи состојки, секогаш подготвен за грицкање или јадење со јогурт, млеко или смуdи. Направете го тоа еднаш неделно и имајте домашна здрава гранола за цела недела. Не заборавајте дека секогаш можете да играте со додатоците. Наместо ореви ставете бадеми, наместо семе од коноп семе од тиква, додадете на крајот и сува брусница или некое друго суво овошје.
Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет


Потребни состојки:
400 г овесни снегулки
130 г сушено јаболко
130 г сечкани ореви
2 лажички цимет
35 г семе од коноп
малку сол
60 милилитри кокосово масло
75 г путер од бадем
70 милилитри јаворов сируп
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени, а потоа поставете ја хартијата за печење во една голема тава.
Ставете ги сите суви состојки во голема чинија, а сите влажни состојки (масло, путер, сируп) ставете ги во тенџере и загрејте гина среден оган, мешајќи постојано.
Потоа додадете ванила и промешајте уште еднаш. Додадете ги влажните состојки во сувите и уште еднаш измешајте сè заедно додека не се комбинираат.
Потоа пренесете ја смесата на хартијата за печење, израмнете со шпатула и ставете ја во рерната за 30 минути.
После 15 минути промешајте. Кога ќе се испече, извадете ја гранолата и оставете ја да се излади целосно без да ја мешате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.