Рецепт за највкусната пита која некогаш сте ја пробале

Вкусот на путерот, спанаќот и сирењето ја праваат оваа медитеранска солена пита незаборавна. Ваквото јадење може да го консумирате како предјадење или за вечера со чаша јогурт.
Потребни состојки:
• 8 кори за пита
• 250 гр. спанаќ
• 2 јајца
• 2 лажици масло
• 60 гр. стопен путер
• 100 гр. рикота (или друго сирење по избор)
• мускатно оревче
• едно чешне лук
• сол
• бибер


Припрема:
Исчистете го спанаќот и добро измијте го. Ставете го во зовриена вода да омекне пет минути, а потоа исцедете го и ситно исецкајте го. Изматете ги јајата, издробете го сирењето и помешајте го со спанаќот. Посолете, наросете бибер, додадете рендано мускатно оревче и истолчен лук, а потоа добро промешајте.
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавата за печење премачкајте ја со масло и обложете ја со хартија за печење, а потоа ставете една кора. Лесно попрскајте ја со растопениот путер и врз неа ставете друга кора. Премачкајте ја втората кора со путер и ставете малку фил. Прекријте со нова кора, а потоа премачкајте со путер и сè така додека не го потрошите целиот фил и кори.
Последната кора премачкајте ја со изматена жолчка и печете околу 25 минути, додека питата не добие златножолта боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.