Рецепт за највкусните печени тестенини со пилешко

Печените тестенини со пилешко се едноставно јадење во кое ќе ужива целото семејство, а за подготовка се потребни само неколку состојки.

Една од предностите на овој рецепт е што може да се подготви однапред, а јадењето може да се замрзне до три месеци.

Потребни состојки:

25 грама путер, 225 грама тестенини пенне, еден кромид, четири парчиња пилешки гради исечени на ленти, една лажица мелена пиперка, две лажици сончогледово масло, 50 грама брашно, 600 милилитри млеко, две лажици сенф, 125 грама рендано чедар сирење, два големи домати исечени на мали коцки, сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Намастете тава за печење со путер. Ставете солена вода во голем сад и сварете ги тестенините со сечканиот кромид. Откако ќе се сварат, исцедете ги тестенините и кромидот, исплакнете ги под ладна вода и оставете ги во цедалка додека целосно не се исцедат.

Додека тестенините се цедат, подгответе го пилешкото. Ставете ги лентите од пилешко во кеса за замрзнување, додадете ја пиперката и малку бибер и сол. Затворете ја кесата и добро протресете за да се распределат зачините рамномерно низ целото месо. Загрејте една лажица масло во голем тавче и пржете го пилешкото на висока температура околу две минути, додека не се свари. Потоа извадете го пилешкото на чинија и оставете го настрана.

Во голем сад, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте додека не добиете мазна смеса. Гответе една минута, потоа постепено додадете го топлото млеко, мешајќи на висока температура додека сосот не стане мазен и густ. Оставете го сосот да крчка четири минути. Конечно, додадете го сенфот и половина од ренданото сирење и зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Додадете ги исцедените тестенини и кромидот во тенџерето со сосот и измешајте сè заедно. Распоредете ја половината од оваа смеса на дното од подготвениот сад за печење. Наредете ги лентите пилешко врз тестенините, а потоа покријте ги со остатокот од смесата од тестенини и сос. Посипете ги сечканите домати и ренданото сирење одозгора.

Ставете го садот во загреана рерна и печете 20 минути, или додека садот не добие златно-кафеава кора одозгора.
The post Рецепт за највкусните печени тестенини со пилешко appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: