Рецепт за најевтиниот летен ручек

Летен ручек кој мора да го пробате ако ја сакате традиционалната мешавина од пиперки, домати, кромид и малку месо.
Подготовката е повеќе од лесна, а состојките се лесно достапни и евтини.
Потребно ви е:
1-2 модри домати со средна големина
6-7 зелени пиперки
2 главици виолетов кромид
3-4 домати со средна големина
50g свеж магдонос
5-6 чешниња лук
400g домашни колбас
Масло, сол и зачини по желба
100ml сос од домати


Подготовка:
Исчистете ги зеленчуците и исечкајте ги на поголеми парчиња.
Исечканиот, посолениот модар домат процедете го и пропржете го. Тргнете на страна.
Истото повторете го и со пиперките. Во тавчето продинстајте го кромидот со доматите.
Спојте ги исечканиот магдонос и иситнетиот лук.
Пропржете ги и колбасите на страна.
Во длабока тава ставете ред од мешавината од лукот и доматите, па потоа ред модар домат, па пиперки. Потоа додадете дел од колбасите и завршете со мешавината од магдонос и лук.
Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Прелијте со 100 ml сос од домати. Нека прокрчка 10-15 минути на тивок оган.
Послужете со додатоци по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.