четврток, 26 ноември 2026
Најново

Рецепт за најстариот лек против менструални болки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Народната медицина некогаш била единствената помош при отстранување на непријатните несакани последици од месечниот циклус
Потребни состојки и материјали:
Рицинусово масло
Термофор
Тенок пешкир или памучна крпа


Начин на подготовка:
Намачкајте го рицинусовото масло на долниот дел од грбот (областа кај јајниците) и тоа во дебел слој. Легнете на стомак, па покријте го мрсниот дел од грбот со тенок пешкир или памучна крпа. Топлиот термофор ставете го над пешкирот/крпата и оставете маслото да делува од 15 до 20 минути. Тргнете го термофорот, а доколку маслото уште не е впиено, оставете ги пешкирот или крпата уште малку да постојат.
Овој лек ќе ги ублажи вашите симптоми на ПМС како што се грчевите и болките во стомакот и грбот.
Дополнителни совети:
Ставајте ги облогите исклучиво на грбот бидејќи топлината од термофорот може да биде пресилна за јајниците.
Маслото можете да го намачкате и на стомакот, но во тој случај загрејте го само со пешкир или крпа, без термофор, со тоа што ќе го оставите да делува 30-45 минути.

Поврзани вести