Рецепт за пекарски компир на малку поразличен начин: Сочен оброк од кој цело семејство ќе биде задоволно

Пекарскиот компир подготвен на овој начин е еден од најсочните рецепти кои ќе го пробате.
Компирот е една од омилените намирници на нашето поднебје, па поради тоа на трпезата може да го најдете во сите облици. Освен како прилог, специјалитетите од компири можат да бидат и главно јадење.


Пекарскиот компир подготвен на овој начин е еден од посочните рецепти кои ќе ги пробате, а особена магија му дава кајмакот.
Состојки:

  • 1 килограм компири;
  • 150 грама млад кајмак;
  • 100 грама кашкавал
  • 200 милилитри млеко;
  • 3 јајца;
  • Сол;
  • Бибер;
  • Власец;
  • Зачини по вкус.
    Подготовка:
    Кајмакот изматете го со јајцата и млекото, па додадете ги зачините по вкус.
    Компирот исечете го на подебели парчиња, па распоредете ги во подмачкан сад во еден ред, зачинете ги, додадете друг ред компири и така до крај.
    Сето тоа прелијте го со смесата од јајца и кајмак, покријте го садот со алуминиумска фолија и печете на температура од 200 степени Целзиусови.
    По 45 минути тргнете ја алуминиумската фолија, додадете кашкавал над компирите, па оставете да се пече сето тоа уште 15 минути.
    Послужете го компирот додека е топол заедно со сезонска салата.
    Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.