Рецепт за печен компир стана хит на интернет

Рецептот за печен компир на TikTok корисникот Џереми Счек ги одушеви оние кои го пробаа, но и оние кои го погледнаа неговото видео.
Ова 20-годишно момче има одличен рецепт за вкусен компир кој може да го комбинирате со што сакате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Scheck (@scheckeats)


Земете неколку компири, исечете ги на парчиња и ставете ги во студена вода да се варат. Додека се варат, додадете сол. Потоа добро исцедете ги компирите, измешајте ги со лажица и лесно гмечете ги. Ставете ги во тава за печење наросувајќи масло и доста зачини како рузмарин, црвен пипер, лук во прав, бибер, оригано, мајчина душица и сол.
Печете ги на 230 степени околу 10 минути додека не добијат златеста боја и не станат крцкави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.