Печениот лосос во сос од лук, путер и мед е брзо решение за ручек или вечера. Полн е со омега-3 масни киселини и протеини и многу лесно се подготвува дома.
За помалку од половина час: Рецепт за печен лосос во вкусен сос
Потребни состојки (за две лица):
2 филети од лосос од 115 до 170 грама
2 лажици путер
2 чешниња лук
2 лажици мед
1 лажица соја сос
1 лажица лут сос по желба
1 лажица сок од лимон
¼ лажичка суви пиперки
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Филетите од лосос зачинете ги со сол, бибер и суви пиперки.
2. Печете го лососот во загреана тава околу четири минути од секоја страна. Месото од лосос е многу нежно, затоа бидете внимателни кога го вртите.
3. Извадете го лососот од тавата.
4. Во истата тава додајте ги другите состојки: путерот, сечканиот лук, медот, соја сосот, лутиот сос и сокот од лимон. Мешајте додека не се соедини храната. Гответе го сосот околу пет минути.
5. Вратете го лососот во тавата и оставете го да се загрее во сосот неколку минути. Послужете со ориз и зеленчук по желба.