Тајната на италијанската пица се состои во совршеното тесто кое е крцкаво однадвор, меко и сочно одвнатре и се карактеризира со идеална количина сос од домати, кашкавал и други додатоци. Ако немате време за тестото, можете да импровизирате на кришки од леб. Можете да користите секаков вид леб, но најдобрите резултати ќе ги постигнете со бел леб.
Потребни состојки:
4-6 кришки бел леб
200 мл сос за пица
200 гр рендан кашкавал
салама по желба
суво оригано
маслиново масло
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
Намачкајте го лебот со малку маслиново масло. Потоа премачкајте го со сосот за пица, додадете рендан кашкавал, салама и други состојки по желба како печурки, маслинки, кулен, пршута или сланина.
Ставете ги лепчињата во рерна сè додека лебот не се потпече и кашкавалот не се стопи. Послужете ги топли. На здравје!