Рецепт за посни џимиринки

Овие џимиринки се направени од парчиња соја, па затоа се веганска и посна замена која добро ќе ви дојде кога ќе посакате промена во вашето мени.
Потребни состојки:
100 gr соја на парчиња
1 лажичка сол
1 лажичка црвена пипер
2 ловорови листови
вода
масло за пржење

Подготовка:
Во тенџере сипете вода, ставете црвена пипер, ловорови листови и посолете. Кога смесата ќе зоврие, додадете ги парчињата соја и варете 10 минути.
Потоа процедете ги парчињата и оставете ги во цедалка неколку часа за да излезе целата вишок течност.
Загрејте масло во тавче и испржете ги исцедените парчиња соја на средна топлина околу 20 минути. Мешајте повремено и регулирајте ја температурата.
Испржените џимиринки извадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот масло, додадете сол по вкус и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.