Рецепт за пржени лепчиња без капка масло за јадење

Пржените лепчиња се идеален начин да го искористите стариот леб од претходните денови, но и да подготвите оброк за помалку од 10 минути.
Пржените лепчиња се идеални за вкусен појадок, но и како вечера или пак ужина.
Иако многу се вкусни, тие имаат една маана – впиваат многу масло за јадење во текот на пржењето.
Сепак, и за тоа постои решение – подгответе ги во рерна.
Вака подготвени пржените лепчиња нема да впијат ниту една капка масло за јадење, а вкусот ќе им биде одличен како и кога се подготвуваат на традиционален начин.


Состојки:

  • 10 парчиња стар леб;
  • 3 јајца;
  • 1 децилитар млеко;
  • Прстофат сол;
  • Прстофат шеќер.
    Подготовка:
    Јајцата изматете ги со млекото и додадете ги солта и шеќерот. Секое парче леб добро натопете го со мешавината, па добро распоредете ги во плех којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење.
    Доколку лебот е потврд и постар, натопените лепчиња оставете ги да отстојат во плехот околу 5 минути, па потоа ставете ги да се печат.
    Печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути или пак додека не добијат златно-жолта боја.
    Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.