Идеален начин да ги искористите варените јајца и да ја збогатите празничната трпеза
Бидејќи денес на празничната трпеза ќе има многу различни јадења и деликатеси, како и многу варени јајца, ќе имаме корист од рецептите во кои може да се искористат.
И да не сте подготвиле некоја од празничните салати, оваа е готова за десет минути, вкусна е, заситува и освежува.
Состојки:
3 варени јајца
ротквици
млад кромид
3 големи компири
десетина маслинки
200 г мајонез
180 г кисела павлака
сол
бибер
магдонос
Подготовка:
Измијте ги и сварете ги компирите, оставете да се изладат, а потоа излупете ги. Ротквиците исечкајте ги на листови, а младиот кромид на прстени.
Варените компири исечкајте ги на крупни коцки и изрендајте ги јајцата. Свежиот магдонос ситно се сечка. Соединете ги мајонезот и павлаката, па додадете ги сите останати состојки.
Додадете бибер по вкус, сè убаво измешајте и оставете убаво да се излади.
Готовата салата посипете ја со магдонос и сечкани маслинки, па послужете.
Пријатно!