Без јајца, желатин и комплицирање, рецепт за чизкејк палачинки кои што се идеални и одличен начин да го зголемите вашиот шеќер кога ќе ви падне.
Дозволете вашата фантазија да работи, па пробајте ја омилената комбинација на сезонското овошје и лесен фил, а по желба додадете чоколадо или пак било каков прелив со вкус по желба.
Состојки за чизкејк палачинки:
– 250 грама слатка павлака;
– 150 грама маскарпоне;
– 100 грама крем сирење;
– 1 ванилин шеќер;
– 70 грама шеќер.
Овошен фил:
– 200 грама малини или јагоди;
– 100 грама шеќер;
– 2 лажици скроб.
Подготовка:
1. Во овошјето ставете шеќер и оставете го да отстои околу 10-на минути, па потоа загрејте го во тенџере. Скробот изматете го со малку вода, па измешајте го во овошјето. Кратко варете сè додека сето тоа не се згусне, па оставете го настрана да олади.
2. Слатката павлака изматете ја за да стане шлаг. Измешајте ги со миксер двата вида сирење со шеќерот и ванилиниот шеќер, па направете шлаг.
3. Премачкајте ги палачинките со овошниот прелив, додадете крем сирење, па превиткајте ги.
Пријатно јадење!