Рецепт за сочен колач од портокали без грам брашно и – една тајна состојка

Доколку сакате колачи во кои се употребуваат портокали или пак сок од портокали, тогаш овој колач ќе ви биде омилен.
Состојки:
– 2 портокали со средна големина;
– 1,5 лажица прашок за печиво;
– 6 јајца;
– 230 грама шеќер;
– 300 грама мелени бадеми.
Подготовка:


Обложете го калапот за печење со хартија за печење, па на дното ставете околу 50 грама мелени бадеми.
Измијте ги портокалите, па ставете ги во тенџере и ставете вода. Варете на средна температура околу 40 минути, а доколку водата испари, додадете уште, додека овошјето не биде покриено.
Потоа, извадете ги портокалите и оставете да се изладат. Потоа пресечете ги и ставете ги во блендер, матете сè додека не добиете текстура како џем.
Во подлабока чинија со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете густа мешавина. Во тоа додадете ги портокалите и мелените бадеми, прашокот за печиво, па сè добро измешајте.
Ставете ја смесата во калап и печете во рерна на 180 степени. Колачот печете го околу 45 минути.
Кога ќе се излади украсете со кришки портокал, рендана кора од портокал, шеќер во прав, мелени бадеми, глазура од портокал или лимон по избор.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.