Тиквичките се еден од најчестите додатоци во многу јадења, а можете да ги послужите како прилог за месо или риба или да направите главно јадење со нив. Денес ви предлагаме брз рецепт за тиквички со пармезан.
Потребни состојки:
2 тиквички
30 грама рендан пармезан
30 милилитри свежо исцеден сок од лимон
2-3 чешниња лук
1 лажица путер
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1.Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на тенки парчиња.
2.Исчистете го лукот и исечете го на помали парчиња.
3.Во тавче растопете го путерот и врз него издинстајте ги лукот и тиквичките. Пржете сè заедно и мешајте додека зеленчукот не добие златно кафеава боја.
4.Додадете сол и бибер по желба.
5.Врз тиквичките додадете рендан пармезан и сок од лимон.
6.Послужете ги додека се топли. На здравје!