Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо

Тортите со кафе и ореви беа тренд во 2019, но оваа година зошто да не пробаме нешто различно? Есента е близу, а оваа торта ќе биде одлична за престојните есенски денови.
Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо
Потребни состојки:
275 г брашно
2 лажички прашок за пециво
малку сол
100 г кафеав шеќер
50 милилитри ладно еспресо
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка ѓумбир во прав
150 г путер
200 милилитри млеко
2 јајца
1 големо јаболко (излупено и исечкано на мали коцки)
100 г сечкани урми
За подмачкување на плехот ви се потребни 25 г стопен путер и 1 лажица брашно.


За глазурата:
50 милилитри еспресо
2 лажици кафеав шеќер
1/2 лажичка цимет во прав
За украсување:
50 г сечкани ореви
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени со вентилатор.
Направете го кафето и оставете го настрана.
Во голем сад и миксер мешајте го шеќерот со путерот.
Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта, циметот, ѓумбирот, млекото, јајцата и еспресото. Мешајте со миксерот додека не се соединат сите состојки.
Ставете го исечканото јаболко и урмите во 1 лажица брашно и мешајте ги.
Премачкајте ја внатрешноста на плехот со путерот и малку брашно.
Истурете ја смесата во плехот и израмнете.
Печете за 65 до 70 минути.
Потоа оставете ја тортата да се олади.
За глазурата измешајте ги еспресото, шеќерот и циметот. Намачкајте ја тортата како што сакате и украсете со ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.