Потребни состојки: 5 шолји брашно, 2 лажички сол, 1 лажичка сув квасец, ½ шолја масло, две и пол шолји топла вода.
За премачкување е потребно 1 шолја масло.
За филот потребно е: 1 кг мелено месо, 1 главица ситно сецкан кромид, 3 компири исечени на коцки, 2 лажици сув зачин, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка бибер.
Прелив: 1 шолја вриена вода, малку сол.
Подготовка:
Замесете потврдо тесто од наведените состојки, поделете го на четири топки. Секое топче премачкајте го обилно со масло, ставете го во тепсија и покријте ги со пластична фолија, да отстојат еден час.
Додека чекате да стаса тестото, подгответе го филот. Земете едно топче и растегнете го со сукало, потоа обилно премачкајте го со масло и тегнете колку што можете потенко. Тестата кои се премачкуваат со масло полесно се развлекуваат.
Ставете од филот низ целата кора, пресечете ја на половина и виткајте како ролат. Редете ги во тепсија. Истото направете го и со остатокот од топчињата и филот.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени до 50 минути, додека не порумени. Печената пита испрскајте ја со извриена вода во која сте додале малку сол. Вратете во рерна уште три минути.
Откако ќе ја извадите, покријте ја со друга тепсија или алуминиумска фолија и ставете да отстои уште 15 минути, па послужете.
По истата постапка може да направите и пита со сирење. Пријатен апетит!