Рецепт за чизкејк во чаша

Потребни состојки за основата:
75 грама чајни бисквити
4 лажици стопен путер
3 лажици шеќер
Потребни состојки за мус:
420 милилитри шлаг крем
360 грама намаз од сирење
280 грама крем од лимон (овошен крем кој се подготвува од јајца, путер, шеќер и лимон)
110 грама шеќер во прав
20 грама желатин
3 лажици свежо исцеден сок од лимон
3 лажици вода
Начин на подготовка:
1.Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со шеќерот и растопениот путер. Добиената смеса притиснете ја на дното на чашите.
2.Во мал сад истурете го лимоновиот сок и промешајте го со три лажици вода и желатин. Оставете ги состојките да се соединат околу 5 до 10 минути.
3.Изматете го шлаг кремот со 55 грама шеќер во прав.
4.Во друг сад измешајте го намазот од сирење со преостанатиот шеќер и лимоновиот крем.
5.Смесата со желатин ставете ја во микробранова да се загрее околу 20 секунди, извадете го садот и мешајте сè додека не се растопи желатинот. Оставете го да се излади неколку минути.
6.Додадете ја смесата со желатин во кремот со намазот од сирење

7.Додадете го и крем шлагот и мешајте сè додека смесата не се соедини, а потоа додадете го во секоја од чашите.
8.За да згусне кремот, препорачливо е десертот да отстои во фрижидер околу три часа.
9.Послужете со шлаг, мелени бисквити и овошје по желба. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.