Неодоливиот вкус на млечно чоколадо ќе ве освои уште на првиот залак
Ако сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време, вистинското решение секогаш се чоколадните бомбици.
Па ако додадете малку рум во нив, ќе уживате во неодоливи слатки, според едноставен рецепт што ќе го воодушеви вашето непце.
Нема правење и печење на кори, подготвување филови … Едноставно ги мешате сите состојки и вашиот десерт е подготвен додека трепнете.
Состојки:
200 гр путер
100 гр шеќер во прав
40 гр какао во прав
350 гр мелени бисквити
100 мл млеко
1 лажица рум
5 лажици масло
200 гр млечно чоколадо
Подготовка:
Изматете го путерот во длабок сад, додадете го шеќерот во прав, какаото, мелените бисквити, млекото, румот, сè добро измешајте и формирајте топчиња.
Растопете го чоколадото со пет лажици масло во мало тенџере на тивок оган. Потопете ги бомбиците во чоколадото и оставете ги на плех да се стегнат.
Пријатно!