Рецепт: Како да направите домашни корнети за сладолед?

Сладоледот е еден од омилените летни десерти, а уште повеќе го обожаваме кога ќе си направиме и домашни корнети. Постапката е многу лесна, а еве и што ви е потребно за да ги направите.
Рецепт: Како да направите домашни корнети за сладолед?
Потребни состојки:
90 г брашно
130 г шеќер
4 јајца
60 г путер
0,5 децилитри млеко


малку цимет или ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го стопениот путер, брашното, млекото и циметот. Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки, па по потреба додајте млеко, вода или брашно.
Печете на загреаната тава додека не добиете убава боја од двете страни. Потоа формирајте корнети додека уште се топли.
Оставете да се изладат, а остатокот чувајте го добро запечатен во сад до една недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.