Рецепт кој воодушевува: Пробајте тирамису во чаша

Тирамису е еден од најпознатите колачи кои не бараат печење. Името на овој познат италијански десерт доаѓа од изразот tirami su, што буквално се преведува како „собери ме“ или „развесели ме“.

Постојат неколку верзии на овој десерт, а оваа е една од наједноставните.

Потребни состојки:
3 жолчки
3 белки
5 лажици шеќер
250 гр маскарпоне
1 лажица рум
малку сол
250 гр пишкоти
150 мл црно кафе
2 лажици какао во прав

Подготовка:
Прво, сварете кафе и оставете го да се излади. Потоа, со миксер изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете една лажица рум и маскарпонето. Потребно е да се мати додека не се добие изедначена смеса.
Кога ќе добиете изедначена и мазна смеса, почнете да ги подготвувате белките. Потребно е да се изматат со малку сол во цврст снег. После тоа, смесата од белки треба постепено да се додава во смесата со жолчки.
Сега доаѓа на ред подготовката на пандишпанот. Потопете ги пишкотите во изладеното кафе и наредете ги во чаши или садови, по желба. Прво ставете слој од пандишпан, а потоа слој крем. Повторете го процесот уште еднаш. Важно е последниот слој да биде крем. На крај, тирамисуто посипете го со какао во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.